Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

РАБОТИЛНИЦА ЗА МЛАДИ НА СМССМ И СМ F.R.A.T.I.A РОМАНИЈА

Во Сојузот на синдикатите на Македонија во периодот од 27-30 ноември 2019 година се одржа работнилница за млади организирана од Секцијата на млади при ССМ и Секцијата на млади на најголемата Конфедерација на синдикати  F.R.A.T.I.A од Романија на тема: Младите и синдикатите.

Оваа работилница е втора по ред, а истата е финансиски поддржана од страна на Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Братислава.

Целта на оваа работилница е да се најде начин да се приближи синдикатот до младите преку изнаоѓање на нови и иновативни алатки и методи, како и да се овозможи размена на искуства и информации помеѓу синдикатите од двете земји за проблемите и предизвиците со кои тие се соочуваат.

На оваа работилница присуствуваа исто така и директорката на Фондацијата Фридирх Еберт, канцеларија Скопје, Ева Елерајт, претставникот на МОТ, канцеларија Скопје, Наташа Симјаноска Мечкароска, како и претставници на НМСМ, Блажен Малески, Тамара Петковска и Игор Димовски.

Во рамките на оваа работилница се одржа и посета на Универзитетот на Југо источна Европа, каде претседателите на Секциите на млади одржаа предавање пред студентите за улогата и значењето на синдикатот во општеството. Ваквите посети на факултетите се континуирана активност на СМССМ, се со цел подобро запознавање на младите со нивните права од работен однос.

Во прилог фото галерија:

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.