Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРОМОВИРАНА СТУДИЈА ЗА БЗР

18.10.2016

Слика 1. Флаер за БЗР

 

Во рамките на проектот „Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина - основно човеково право“ кои го спроведува Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ заедно со Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР), на 18 октомври 2016 година, во Скопје, беше промовирана студијата „Студија за функционирање на бипартитниот дијалог за БЗР во компаниите и улогата и профилот на претставниците на вработените за БЗР во Р. Македонија.

На оваа промоција присуствуваше и раководството на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ)

Слика 2. Претседателот Митревски со раководството на ССМ на прес-конференцијата

 

На прес- конференцијата која беше организирана во склоп на настанот, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), д-р Живко Митревски, истакна дека студијата покажува дека во 90 проценти од примероците од 160 претпријатија во Македонија превентивната функција ги дава своите резултати.

- Студијата покажа дека како Синдикат директно сме инволвирани и во процесот на обезбедувањето на редовните обуки за безбедност и здравје при работа и во делот на контролата при исклучителни активности кои ги имаат во делот на промена на технологијата, истакна д-р Митревски.

Од страна на претседателот на МЗЗПР,  Милан Петковски беше истакнато дека не се преземаат конкретни активности кои би требало навреме да направат соодветен оперативен зафат.

- За некој да биде посигурен и побезбеден на работното место треба подолг временски период да помине, бидејќи со законските решенија не се постигнуваат моментални решенија, истакна Петковски.

Слика 3. Присутните на настанот

 

Промоција на студијата беше од страна на проф. Д-р Александар Гроздановски, кои воедно го изврши истражувањето на терен.

Целта на студијата е унапредување и промовирање на бипартитниот безбедност и здравје при работа (БЗР) дијалог во компаниите, како и зајакнување на улогата на претставниците на вработените за БЗР и создавање здрави работни места.

Од ова истражување дојдовме до заклучок дека и работниците и работодавачите се соочуваат со проблеми и потешкотии во својата работна средина и поради тоа се препорачуваат обуки и едукација на вработените, претставниците на вработените за безбедност и здравје при работа и синдикалните претставници за основни стандарди за безбедност и здравје при работа, континуирана обука на работодавачите за целосна примена на Законот за безбедност и здравје при работа во рамки на јавниот и приватниот сектор.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.