Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРОДОЛЖУВА АКТИВНОСТА И КАМПАЊАТА НА ССМ ЗА ИСПЛАТА НА РЕГРЕС ЗА ГОДИШЕН ОДМОР

Слика 1. Претседателот Митревски на денешното обраќање пред медиумите

Сојузот на синдикатите на Македонија и оваа година продолжува активно со кампањата и соодветната едукативна и стручна помош на претпријатијата со цел да се овозможи непречена исплата на регресот за годишен одмор.

Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски во своето обраќање до медиумите повторно укажа на потребата од исполнување на ова работничко право кое повторно беше воведено од 2013 со измените на ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството (Спогодба за изменување и дополнување на ОКД за приватен сектор од областа на стопанство- Сл. весник на РМ бр. 189) со важност од 2014 година. ССМ и со овој чин покажа дека доследно ја реализира својата определба за повторно враќање и на делот на работничките права кои беа изгубени и пред 2010, а особено со измените на Законот за работни односи од 2005 година. Очекувањата се дека и оваа година исплата ќе се движи во рамките на минатогодишната, каде што над 80% од фирмите кои егзистираат во приватниот сектор извршиле исплата на регрес за годишен одмор. Самиот факт што беа извршени и измени во Кривичниот законик на РМ (Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, Сл. весник бр. 226 од 2015г.), а кои предвидуваат и казна затвор и до 1 година, очекувањата се дека оваа година од вкупниот број на 70.139 правни субјекти истите ќе го реализираат ова работничко право.

ССМ уште еднаш укажува дека на сите оние работници на кои им е ускратено ова работничко право, ја нуди својата можност за помош и преку синдикатите и преку правните застапници истото да го остварат согласно колективниот договор.

Оваа година висината на исплата на регресот за годишен одмор изнесува 8.909 денари, додека просечната исплатена плата во стопанството изнесува 22.191 денари.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.