Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРЕКУ КОЛЕКТИВНО ДОГОВАРАЊЕ ДО НАМАЛУВАЊЕ НА РОДОВИТЕ РАЗЛИКИ ВО ПЛАТИТЕ

Одбележување на Меѓународниот ден за родова еднаквост на платите

„Kолективното договарање помеѓу синдикатите и организациите на работодавачи како членови на Економско социјалниот совет има потенцијал значително да ги намали родовите разлики во платите, преку четири инструменти што оваа коалиција на организации силно ќе ја поддржи и промовира. Првиот инструмент е таргетирани покачувања на плати со цел компензација на концентрацијата на жени во ниско платените индустрии. Потоа важно е да се воспостави специфичен план на класификација на родово неутрални професии за да се корегира потценувањето на професиите во кои доминираат жените. Трет инструмент е воведување на мерки за промовирање на транспарентност на платите, за постигнување напредок во заложбите против дискриминација на платите. И четврто, поставување на родово неутрални критериуми за оценување за напредок во кариерата“ 

Катерина Поповска 

Сојуз на синдикатите на Македонија

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2020 | Сите права се задржани.