Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПОТПИШАН КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ

Денес во Скопје на денот од годишнината од формирањето на Агенцијата за национална безбедност на РСМ, Претседателот на Македонскиот полициски синдикат синдикат(МПС),Д-р Марјан Кицев и Директорот на Агенцијата за национална безбедност(АНБ) Д-р Виктор Димовски го потпишаа Колективниот договор за вработените во АНБ.

Почитувани,

Потпишувањето овој Колективен договор претставува чин на унапредување на работничките права, акт во кој се верификувани, надградени и подобрени правата од работен однос на вработените во Агенцијата за национална безбедност(АНБ) за што ние како Македонски полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат во АНБ сме и тоа како задоволни бидејќи успеавме да направиме за еден од најдобрите Колективни договори во земјава.

Со колективниот договор се подобруваат и унапредуваат правата од работен однос а со тоа се подобрува економско социјалната состојба, се имплементират мерки по европски терк за заштита и безбедност на работниците и многу други поволности кои со потпишување на Колективниот договор ќе се стекнат вработените во АНБ.

На свечениот настан покрај Претседателот Кицев,присуствуваа и Генералниот секретар Киро Трајковски,и Потпретателите Горанчо Јовановски и Борче Грујоски кои водено беа преставниците од Македонскиот полициски синдикат кои како членови на работната група изминатите месеци работеа на изработката на Колективниот договор.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.