Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПОСЕТА НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ССМ ВО ОХРИД 

ССМ останува да биде главен заштитник на работничките права преку правната заштита која е сигурност на работничките права

 

Со поддршка од Проектот: Strengthening Social Dialogue/Зајакнување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Меѓународната организација на трудот, Сојузот на синдикатите на Македонија започна со техничко опремување на регионалните канцеларии преку кој ССМ, обезбедува правна заштита на работниците. 

Поради состојбата со Ковид-19,како и потребата од поголема достапност и поврзаност со работниците во овие сложени услови, од страна на Секретарот на Советот на ССМ, Златко Цветковски на Секретарот на Регионалното синдикално претставништво на ССМ во Охрид, Стевчо Маслов и правниот застапник Драган Цветановски, беше предадена компјутерска опрема. 

Модернизацијата на канцелариите на ССМ на територија се случува за прв пат после повеќе од 20 години.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.