Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПОМОШ ЗА РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ НА ПОТРОШУВАЧИ ПОГОДЕНИ ОД КОВИД КРИЗАТА

 

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија  Дарко Димовски, денес во Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, заедно со претседателот Марко Бислимоски и Марјан Ристески, претседател на Конфедерацијата  на  Синдикални Организации на Македонија, одржаа состанок.

На состанокот се дискутираше за предлогот на РКЕ за проширување на листата на граѓани кои се опфатени со субвенции за енергетска сиромаштија, со оние лица кои се погодени од здравствената криза, со цел да се заштитат ранливите потрошувачи погодени од Ковид кризата.

 ССМ нагласи дека овој предлог ќе го разгледа на своите органи и тела и воедно ќе достави свои предлози за заштита на овие граѓани, по што ќе се продолжи со разговорите на следните состаноци на кои ќе бидат поканети и граѓански организации.

Станува збор за механизам кој подразбира привремено проширување на постоечка листа за надоместок за енергетска сиромаштија со лица кои се погодени директно од здравствената криза. Потребно е да им помогнеме на најранливите, а не да ги субвенционираме богатите – ова воедно е и заедничка препорака  на РКЕ и Секретаријатот на Енергетската заедница. Институциите мора да  разгледаат кои предлог- решенија се применливи: проширување на листата на граѓани со субвенции, намалување на ДДВ-то за потрошената електрична енергија и слично.

Претедателот на РКЕ Бислимоски информираше на состанокот дека Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги е ставена на располагање со сиот свој капацитет да  биде логистика во процесот на разговори кои ССМ како член на Економско социјалниот совет ќе го води со владата и со соодветни анализи и практики да го аргументира барањето за помош кон најранливите категории на граѓани.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.