Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПОБАРАЈ ЗАШТИТА - ПРИЈАВИ ПРЕКРШУВАЊЕ НА РАБОТНИЧКИ ПРАВА

Сојузот на синдикатите на Македонија согласно своите статутарни определби обезбедува бесплатна правна заштита на работничките права за своето членство.

Синдикалното членство во ССМ, најдиректно и најнепосредно обезбедува заштита на своите права од работен однос пред се преку активностите на Секторот за работни односи, правна заштита и колективно договарање при ССМ и соодветните синдикати каде работниците членуваат.

Активностите за заштита на работничките права ги преземаат овластените правни застапници и синдикалните претставници во 10 Регионални синдикални претставништва (Скопје, Битола, Велес, Делчево, Кавадарци, Куманово, Охрид, Прилеп, Тетово, Штип) како и во Синдикалните канцеларии (во Ресен, Свети Николе, Берово, Виница, Кочани, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Дебар, Струга, Македонски Брод , Гостивар, Кичево, Струмица, Пробиштип, Радовиш).

За поедноставен пристап до бесплатната правна заштита за работниците, ССМ овозможува и по електронски пат преку целнтрализирање својата работа,  работниците да можат своите пријави, жалби, барања и сл., да ги доставуваат на prijavi@ssm.org.mk по што колегите во најкраток рок ќе постапуваат по истите.

Покрај директната правна помош и заштита на правата на своето членство, ССМ со своите активности реализирани  во овој период на кризата, докажа дека како репрезентативен синдикат во државата се грижи и презема одговорност  за остварување на правата на сите работници.

Со поддршка од Проектот: Strengthening Social Dialogue/Зајакнување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Меѓународната организација на трудот, Сојузот на синдикатите на Македонија технички ги опремува регионалните канцеларии преку кој ССМ, обезбедува правна заштита на работниците.

Активноста се спроведува во рамките на кампањата ПРАВНА ЗАШТИТА – СИГУРНОСТ НА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА за подигнување на свесноста кај работниците и зајакнување на капацитетите на ССМ, со поддршка од Проектот: Strengthening Social Dialogue/Зајакнување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Меѓународната организација на трудот.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.