Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПО РЕАКЦИЈАТА НА ССМ, 21.542 КОМПАНИ ДОБИВААТ СРЕДСТВА ЗА ИСПЛАТА НА АПРИЛСКАТА ПЛАТА, ЗАПОЧНА ВРАЌАЊЕТО НА ОТПУШТЕНИТЕ РАБОТНИЦИ !!!

Согласно последните информации, 21.542 компании ќе добијат средствата од 14.500 денари по работник за исплата на априлската плата како резултат на владината уредба за финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плати за април, а досега, за само неколку денови вратени се најмалку 500 работници на кои им бил прекинат работниот однос во периодот од 11 март до 30 април.

Од вкупниот број на поднесени барања, од нај погодените дејности поднесени се , 2.377 од угостителската дејност, 253 се од туристички агенции (туроператори), 2.177 се од дејноста транспорт, 258 се од објекти за сместување, а 16.625 се од останатите дејности.

Како што знаеме по реакцијата на ССМ за овозможувањето на работодавачите со Државни пари да си поигруваат со судбините на работниците и нивните семејства и дека тоа мора веднаш да запре, Владата, донесе Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работниците и работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од корона вирусот, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година и со промените се гарантираат работни места во услови на криза предизвикана од коронавирус и се обезбедува заштита на работничките права, достоинствен приход и се оневозможува неправедно прекинување на работниот однос на работниците.

Работодавачите за да можат да ги исполнат критериумите за да се стекнат со правото на користење на мерката за финансиска поддршка за исплата на платите за месеците април и мај требаше ретроактивно да ги вработат лицата на кои им престанал работниот однос во периодот од 11 март до 30 април.

ССМ и во наредниот период ќе ја следи состојбата и секогаш навремено ќе реагира во насока на заштита на првата на работниците, заштита на работните места и платите.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.