Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПО БАРАЊЕ НА МПС ИСПЛАТА НА БОНУС ПЛАТА ЗА 2019 ГОДИНА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МВР

Македонскиот Полициски Синдикат го известува своето членство а воедно и сите вработени во Министерството за внатрешни работи дека исплата на Бонус платата за 2019 година,ќе започне во текот на месецот.

Како единствен репрезентативен синдикат во МВР остваривме контакт со работодавецот при што бевме информирани дека службите во МВР ги вршат завршните активности за комплетирање на процесот на исплатата на Бонус платата за 2019 година.

За потсетување право за добивање Бонус плата во висина од една просечна плата на републиката согласно член 117став 4 од Законот за работни односи имат сите вработени во МВР кој работеле над 150 часа подолго од полното работно време,а не отсуствувале повеќе од 21 ден во текот на годината.

Македонскиот полициски синдикат искрено верува дека овој процес е веќе заокружен и конечно во буџетите на МВР во иднина редовно ќе се проектират и обезбедуват парични средства за исплатата на Бонус платата, а се со цел работниците навремено да го добиваат стекнатото право од работен однос,односно ќе се спречат покренувањето на судски постапки по овој основ што резултираат со испумпумпување на енормно голема сума на парични средства од буџетот на МВР кои се неопходно потребни за нормално фуннкционирање на Министерството.

Истовремено и голема благодарност до сите чинители во МВР и во МПС кои изминатиот период работеа на решавање на овој горлив проблем.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2020 | Сите права се задржани.