Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Пленарна седница на РСС Солидарност

Денес се одржа онлајн пленарна седница на Регионалниот синдикален совет "Солидарност", со која претседаваше Унијата на слободни синдикати на Црна Гора, а на која присуствуваа синдикалните раководства на земјите членки на РСС Солидарност од екс ју просторите.
Од страна на ССМ, на пленарната седница учествуваше Секретарот на Советот на ССМ, Златко Цветковски, кој ја презентираше целокупната ситуација со пандемијата на КОВИД19 во нашата држава, со посебен акцент на активностите на ССМ во креирање на антикризните мерки за ублажување на економските последици од корона вирусот, преку учеството на ССМ во Економско- социјалниот совет.
Она што беше заклучено на седницата на РСС Солидарност, покрај размената на информации и добри пракси од земјите учеснички, беше потенцирањето на значајната улога на синдикатите како релевантни партнери во зачувување на работните места, заштита и унапредување на работничките права.
Заклучоците од оваа пленарна седница, во форма на Декларација од земјите учеснички ќе бидат доставени до релевантните европски социјални партнери, а истите ќе бидат презентирани на Социјалниот самит зажан за мај оваа година во Порто.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.