Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОСНОВНАТА ПЛАТА НА РАБОТНИКОТ СЕ ЗГОЛЕМУВА ЗА 0,5 % ЗА СЕКОЈА ГОДИНА РАБОТЕН СТАЖ

Сојузот на синдикатите на Македонија им укажува на работодавачите и ги потсетува работниците дека основната плата се зголемува за 0,5% за секоја година работен стаж (минат труд).

Апелираме сите работодавачи да го почитуваат ова право на работниците и да го исплаќаат додатокот за работен стаж, а со тоа и сразмерно ќе се зголемат платите на сите работници кои не го примале овој додаток.

Ги охрабруваме работниците да извршат проверка дали од страна на нивниот работодавач се исплаќа додатокот за работен стаж, а доколку не се исплаќа можат истото да го пријават во Државниот инспекторат за труд или во ССМ, за потоа ССМ да пријави во ДИТ во име на работниците.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.