Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОРГАНИЗИРАНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА: „УЛОГАТА НА МЛАДИТЕ ВО СИНДИКАТИТЕ“

30.10.2018     

Секцијата на млади на Сојузот на синдикатите на Македонија, во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје, организираше Конференција на тема: „Младите во синдикатите“.

Целта на оваа Конференција беше да се презентира и стави на дискусија улогата на младите во синдикалното организирање, а во насока на континуирано влијание врз афирмирање и унапредување на нивната социо- економска положба во државата.

На оваа конференција претседателот на Секцијата на млади на ССМ, Ирена Ивановска ги информираше присутните претставници на младинските организации и релевантните социјални партнери во државата за програмата и идните активности на Секцијата на млади. Целта на СМССМ е преку инклузивен процес и таргетирање на сите релевантни чинители, организации и институции, да се креираат иницијативи кои имаат за цел зајакнување на положбата на младите на пазарот на труд, како и заштита на нивните права од работен однос.

На оваа Конференција свое обраќање имаше директорката на Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје, Ева Елерајт, која ја потенцираше важноста на синдикатите за демократските процеси, имајќи го предвид нивното големо влијание, а особено младинските структури во самите синдикати на кои треба да им се даде глас и структура.

Известување за настанот:

https://www.radiomof.mk/mladi-sindikalci-da-go-trgneme-mislenjeto-deka-sindikatite-se-organizacii-na-nashite-roditeli/

Фото галерија од настанот:

Слика 1. Отворање на Конференцијата

Слика 2. Обраќање на директорката на ФЕС Скопје, Ева Елерајт

Слика 3. Презентирање на Програмата и идните активности на СМССМ

Слика 4. СМССМ, дел од европското семејство

Слика 5. Видео обраќање на претседателката на Одборот на млади на ЕКС, Викториа Наги

Слика 6. Видео обраќање на заменик претседателот на Одборот на млади на ЕКС, и претседател на Медитеранскиот регион, Греам Сансоне

Слика 7. Видео обраќање на претседателката на Секцијата на млади на LO Шведска, Јосефин Јохансон

Слика 8. Претставници на младински организации, социјални партнери и останати организации и институции во државата

Слика 9. Блажен Малески, претседател на Национален младински совет на Македонија (НМСМ) 

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.