Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОДРЖАНИ 13 – те СПОРТСКИ ИГРИ И СРЕДБИ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

           

           Во периодот од 09 до 11 Септември 2016 година, во одморалиштето на МВР во Охрид, Македонскиот полициски синдикат ги одржа 13 – те Спортски игри и средби на членовите на МПС. На спортските игри и средби присуство земаа околу 250 членови на МПС, при што истите се натпреваруваа во повеќе спортски дисциплини: фудбал – мажи, одбојка – мажи и жени (мешано), пикадо – жени, стрелаштво – жени, атлетика – жени и шах – мажи.

           

             На спортските средби и игри присуствуваа и 50 – тина странски гости од делегациите на полициските синдикати со кои МПС соработува и тоа: делегација од полицискиот синдикат на Кипар, делегација од полицискиот синдикат на Романија, од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, како и Претседателот на Советот на европските полициски синдикати – Андреас Симеоу.

           

            На отворањето на 13 – те Спортски игри и средби присуствуваше и Претседателот на ССМ – Живко Митревски, кој им се обрати на учесниците и гостите.

            Во рамките на средбите и игрите, МПС организираше меѓународна тркалезна маса на тема „Нови времиња, нови предизвици – идеи, методи и начини на синдикалната работа (компаративни искуства)“. На истата се овозможи полициските синдикати од повеќе земји да ги разменат своите искуства и начини како се справуваат со секојдневните предизвици при синдикалната работа.  

            Спортските натпревари поминаа во најдобар ред и спортски дух, при што на најдобрите поединци и тимови им беа доделени пехари и дипломи, како и скромни награди за да се сеќаваат на овој убав настан.

            Покрај спортските натпревари, членовите на МПС, времето го искористија и за дружење и релаксација, но и за размена на искуства од секојдневното работење.

           

Во очекување на следните спортски средби и игри, синдикално Ве поздравуваме.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.