Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОДРЖАНА СЕДНИЦА НА ЕСС

 

Членовите на Економско социјалниот совет од ССМ, Дарко Димовски, Претседател на ССМ, Живко Даневски, Претседател на АГРО Синдикат, Љупчо Радовски, Претседател на СТКЧ и Ристо Ајтов, Претседател на СОБ учествуваа на  56 седницата на ЕСС која се одржа во Министерството за труд и социјална политика.

Слика 1. Членовите на ЕСС од ССМ,  Дарко Димовски, Претседател на ССМ, Живко Даневски, Претседател на АГРО Синдикат, Љупчо Радовски, Претседател на СТКЧ и Ристо Ајтов, Претседател на СОБ

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Димовски на седницата истакна истакна дека Економско социјалниот совет функционирал добро во изминатиот период, за што,според него, говори донесувањето на повеќе битни закони, како измени и дополмнувања на Законот за работните односи, покачување на минималната плата токму на предлог на ССМ, за младински додаток, субвенционирање на покачување на платите на работниците, но и отворање расправа за нов Закон за работни односи за да се вградат поголеми работнички права, а потсети и дека ССМ изготви целосен текст на Закон за работните осноси кој го достави до социјалните партнери.

Истот така од  беше истакнато дека, Сојузот на синдикати на Македонија, останува  на ставот дека рокот за договор на определено време треба да биде  една година.

„Максимум една година да траат договорите на определено време, да се покачи породилното отсуство на 12 месеци и ред други точки кои сметаме дека се неопходни за да функционираат работниците, а воедно и нашата држава“, рече Дарко Димовски- претседател на ССМ.

По завршување на седницата беше одржана прес конференција.

Слика 2. Социјалните партнери на прес конференцијата.

Линк од прес конференцијата: https://www.youtube.com/watch?v=Ht0vFw4Itd0

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.