Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОДРЖАНА СЕДНИЦА НА ЕКОНОМСКО СОЦИЈАЛНИОТ СОВЕТ НА БАРАЊЕ НА ССМ

Поради настаната ситуација со епидемијата на КОВИД – 19, на територијата на нашата држава, на барање на Сојузот на синдикатите на Македонија како единствен репрезентативен синдикат, во просториите на Владата се одржа редовна седница на Екомомско социјалниот совет.

На состанокот беше разговарано за актуелните предизвици во економијата, предизвикани од здравствената криза и за можните решенија за нивно надминување, согласно постоечките можности.

Констатирано е заеднички, дека секој во државата треба да направи што е можно повеќе за да се преброди овој кризен период, што би значело пред се здравствена и егзистенцијална заштита на граѓаните, работниците, фирмите.

Главен приоритет, во овој специфичен период е здравјето и животот на граѓаните. Сега, најважна е солидарноста како главно начело на работењето на ССМ со што целта е да произлезат помалку последици, како  за работниците, граѓаните, фирмите, така и за нашата држава од оваа специфична ситуација во којашто се најде нашата земја, како и целиот свет.

На состанокот од страна на претставниците на ССМ, беа презентирани проблемите со коишто се соочуваат работниците и фирмите и беше изразена заедничка определба за тесна соработка и меѓусебна поддршка и во иднина за сите натамошни чекори коишто ќе треба да се преземат.

Во целост беа презентирани предлог мерките од страна на ССМ, како и предлозите за мерки од страна на останатите социјални партнери, Владата и Организацијата на работодавачи.

На седницата се усогласени мерки кои во најголем дел се во насока на мерките кои ги предложи ССМ.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.