Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОДРЖАНА ПЛЕНАРЕНА СЕДНИЦА НА РСС СОЛИДАРНОСТ

14-17.10.2016

Во периодот од 14 до 17 октомври 2016 година, во Бечиќи во Црна Гора се одржа редовната пленарна седница на Регионалниот Синдикален Совет (РСС) „Солидарност“ и секцијата на млади.

На состанокот присуствуваа претставници од земјите членки во РСС „Солидарност“.

Во рамките на националниот извештај, претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, укажувајќи на актуелната состојба го потенцира значењето на социјалниот дијалог и неговото функционирање во Р. Македонија а како добра практика ги наведе измените и дополните на Општиот колективен договор за приватен сектор од областа на стопанството, каде бројот на слободни денови за погодените работници од елементарните непогодени се зголеми од 3 на 7 дена, со тоа што работодавачот во таквите подрачја каде што е прогласена вонредна состојба може дополнително да го зголеми бројот на слободни денови.

Исто така, претседателот на ССМ,  д-р Митревски, ја спомена добрата практика за донесување на заклучок на ниво на Економско Социјален Совет (ЕСС) во услови на криза (економска, политичка), да не се менува работното законодавство со кое се намалуваат правата на вработените.

Слика 1. Претседателот на ССМ, Митревски и секретарот на ССМ, Димески  на пленарната седница

 

Точно ваквата практика во Р. Македонија даде свои резултати а беше потенцирано и значењето на измените и дополните на Законот за БЗР, кои ја зголемуваа позицијата, улогата и контролата на претседателот на синдикатот.

Како идни задачи кои ни престојат заедно со Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), се активности околу отворање на разговорите за потпишување на ОКД за јавен сектор по формирање на новата влада, истакна претседателот на ССМ, д-р Митревски.

 

Слика 2. Махер Текаја, Конфедерален секретар во меѓународниот сектор во ЦФДТ

На состанокот беше разгледан и прифатен предлог за соработка на РРС „Солидарност“ со Конфедерација на демократски синдикати на Франција (ЦФДТ).

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.