Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОДРЖАНА ЕКСПЕРТАСКА РАБОТИЛНИЦА ЗА МИГРАЦИЈА

25-26.5.2016

 На 25 и 26 мај беше одржана "Експертска работилница на Пан Европскиот Регионален Комитет (ПЕРК) на Меѓународната конфедерација на синдикати(МКС) на тема: Предизвиците на миграцијата во Европа.

Учеснички на оваа експертска работилница беа земјите од Западен Балкан и Југоисточна Европа. На отворањето присуствуваше и генерален секретар на ПЕРК, Лука Висентини.

Целта на оваа работилница беше да се видат предизвиците за миграција (баратели на азил, бегалци и работници мигранти) во контекст на земјите на потекло, транзит и дестинација, влијанија на пазарот на трудот.

Како главни теми за кој разговараа претставници од европската унија, Меѓународната организација на трудот (МОТ), ЕКС, МКС, ПСИ и ЕПСУ беа : Разјаснување на сликата за „Предизвици на миграцијата“, „Глобални и европски одговори и активности“, „Работнички права во контекст на миграциските процеси: синдикатите и миграционите политики, социјален дијалог за миграција на работната сила, кохерентност помеѓу политиките за вработување и миграцијата, ризици на трудова експлоатација (трговија, принудна работа, лажни вработувања, социјален дампинг)“, „Еднаквост и недискриминација на работното место, процес на интеграција на мигрантите и бегалците (пристап до вработување, образование, обука, здравствената заштита, бенефиции ...) и „Улогата на синдикатите во помагање на процесот на интеграција: колективно договарање и услуги за поддршка, организирање на работниците мигранти и прекугранична соработка“.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.