Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОДРЖАНА ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА НА СЕКЦИЈАТА НА МЛАДИ ПРИ ССМ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ФОНДАЦИЈАТА ФРИДРИХ ЕБЕРТ

2-3.4.2018

Слика 1. Претседателот на ССМ, м-р Дарко Димовски, на отварање на работилницата

Секцијата на млади при Сојузот на синдикатите на Македонија во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт-Скопје на 2ри и 3ти април 2018год., одржа дводневна работилница на тема: “Младите во синдикатите”. Ова работилница е прва од серија работилници на Секцијата на млади при ССМ, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт, на која присуствуваа Претседателот на Сојузот на синдикатите на РМ, м-р Дарко Димовски, локалниот координатор на ФЕС, канцеларија Скопје, Милан Живковиќ, членовите од Секцијата на млади на гранските синдикати при ССМ, како и претставници и експерти од Младинскиот образовен форум.

На оваа работилницата се разгледуваа сегашните модели на конституирање и функционирање на Секцијата на млади при ССМ, а во исто време се презентираа и оптималните предлози за дејствување на истата.

Цел на работилницата беше формирање на нов модел за функционирање на Секцијата на млади при ССМ, со цел вклучување на младите во синдикатот и зајакнување на капацитетите на работењето на младите во синдикатите, како и активностите на Секцијата на млади при ССМ за враќање на довербата и подобрување на имиџот на ССМ.    

На работилницата се обрати и Претседателот на ССМ, м-р Дарко Димовски, кој истакна дека особен акцент треба да се стави на поддршката на младите во Македонија и во Синдикатите и воедно ги охрабри членовите на Секцијата на млади при ССМ да се вклучат активно во синдикалното работење и промовирање на синдикалното движење во Република Македонија, како и во Секцијата на млади при ССМ.

фотогалерија од настанот

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.