Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

одржана 57 - та седница на есс

На 26.02.2020 година се одржа 57-та седница на Економско социјалниот совет. На седницата присуствуваа членовите на ЕСС од ССМ и на истата се разгледуваа Годишниот извештај за работата на ЕСС за 2019 година и​ Информацијата за учество на делегација на​ РСМ​ на ​ 109–тaта сесија на Меѓународната конференција на трудот во Женева,​ во јуни 2020 година, седмиот Извештај за ревидираната Европката социјална повелба и Годишната програма за работа на ЕСС за 2020 година.

ССМ како единствен репрезентативен синдикат, преку членовите не ЕСС даде свои видувања и забелешки по точките од дневниот ред. Истовремено од страна на ССМ беше упатен апел да продолжи процесот на колективно преговарање како во јавниот така и во приватниот сектор и беше побарано од страна на ЕСС да се укаже дека без оглед на тоа, кога ќе биде донесен новиот Закон за работни односи потребно е колективното договарање да се спроведува непречено и континуирано.

Слика бр.1 - Членови на ЕСС

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.