Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОДРЖАН СОСТАНОК ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЈУГО- ИСТОЧНА ЕВРОПА И ЗЕМЈИТЕ ОД ПОРАНЕШЕН СССР

 

6-10.6.2016

Во периодот од 8-9 јуни 2016 година, во Братислава, Словачка се одржа состанок за комуникации на кој присуствуваа претставници од земјите од Југо- источна Европа и поранешен СССР, лица задолжени за делот на комуникација во самите синдикати. На состанокот присуствуваа претставници од: Албанија, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, БиХ, Хрватска, Грузија, Казахстан, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Русија, Србија, Украина, претставници од канцелариите на ITUC PERC Сараево, Москва и Брисел, како и претставник од ЕПСУ, кои имаа свои презентации во делот на синдикатите и интернетот, креирање стратегии, кампањи, инструменти и социјални мрежи.

Слика 1. Учесници на состанокот

Главната тема која беше дискутирана на овој состанок беше комуникацијата како главна алатка во промовирање, менаџирање и унапредување на имиџот и успесите на синдикатите, нивната транспарентност и видливост. Учесниците на состанокот дискутираа по горенаведените теми, а посебен фокус беше ставен на интерната комуникација како мотор за ефикасност на синдикатите. Преку групната работа самите учесници имаа задача да го разработат процесот на комуникација, неговото градење, ширење, вмрежување, недостатоци и предности.

Она што беше потенцирано и презентирано од страна на учесниците беа позитивните и негативните страни на процесот на комуникација, како и недостатоците и потешкотиите со кои се соочуваат синдикатите од овие земји, недоволната интерна и екстерна комуникација и проблемот во протокот на информации.

Сојузот на синдикатите на Македонија, беше презентиран како пример за добра пракса и добро разработена мрежа и стратегија за комуникација, сојуз кој редовно и навремено известува и покрива информации поврзани со релевантните настани и активности, преку својата интернет страна и месечен билтен. Воедно, на овој состанок беше претставена и новата интернет страна на ССМ.

На самиот крај на состанокот беа донесени и одредени заклучоци меѓу кои и потребата од едукација и тренинг во делот на комуникација и ПР, редовни состаноци на работната група, како и континуирана помош и поддршка од ИТУЦ ПЕРК и останатите меѓународни организации во однос на комуникацијата, спроведувањето на одредени кампањи, публикации и сл.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.