Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОДРЖАН СОСТАНОК ПОМЕЃУ СИНДИКАТИТЕ ЗА ЗРО

7.11.2019

Слика 1. Учесници на средбата

Денес во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија, согласно утврдената динамика помеѓу синдикатите вклучени во процесот воподготовка на новиот Закон за работни односи, се одржа средба на која се усогласуваа заедничките ставови по предлозите за новиот закон.

На состанокот, сите учесници се согласија дека активностите на синдикатите за унапредување на правата на работниците треба да продолжат во континуитет и истите да бидат во насока на заштита на сите работници.

Заедничките ставови усогласени на состанокот ќе бидат и формално испратени до надлежното министерство.
 

Слика 2. Учесници од ССМ

На овој состанок присуствуваа овластени претставници за преговори за новиот ЗРО од синдикатите (Сојуз на синдикатите на Македонија -ССМ, Конфедерација на слободни синдикати-КСС, Унија на независни автономни синдикати на Македонија-УНАСМ и Синдикат на клинички центри - ССКЦ) кои активно учествуваат во целокупниот процес на подготовка на законот започнат изминатата година.

Слика 3. Учесници од КСС, УНАСМ и ССКЦ

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.