Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Одобрено барање на СУТКОЗ

ПО УКАЖУВАЊЕ ОД СУТКОЗ кој е единствен репрезентативен синдикат за комунални дејности, Владата на вчерашната седница донесе Одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година со која се одобруваат средства во износ од 144.260.500,00 денари на 89 јавни комунални претпријатија членки на АДКОМ - Здружение на даватели на комунални услуги за Република Северна Македонија како мерка од Програмата за справување со КОВИД–19 кризата како еднократна финансиска помош со цел надминување на тешката материјална состојба на вработените во претпријатијата членки на АДКОМ - Здружението на даватели на комунални услуги за Република Северна Македонија.

СУТКОЗ апелира до Општините и Јавните комунални претпријатија дека средствата треба да се искористат како за надминување на тешката состојба, така и за награди за комуналните работници кои со вршењето на својата работа беа едни од нај изложените на заразната болест КОВИД-19.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.