Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Одбележување на Меѓународниот ден на млади, 12ти август

 

Одбележување на Меѓународниот ден на млади, 12ти август.

Ќе не слушне ли некој и нас❓

И нашите права се работнички права❗

Работничките права не препознаваат години❗

Во услови на глобална здравствена, но и економска криза предизвикана од корона вирусот која го потресе светот, Секцијата на млади на ССМ (СМССМ), заедно со младите вработени, членови на синдикатите од регионот и Европа се приклучува кон одбележување на Меѓународниот ден на млади, 12ти август, Активни млади за глобална акција. 

Во нашата земја, според официјалните податоци, од почетокот на кризата, речиси 12.000 луѓе останаа без работа и без егзистенција, а речиси 3.300 од нив се млади луѓе под 29 години (не сметајќи ги лицата кои работат во неформалната економија). Секој 4ти човек кој останал без работа е млад човек под 29 години, што дополнително ја отежнува состојбата со младинската невработеност во земјата која е меѓу највисоките во Европа, а изнесува 35%.

Затоа, повикуваме да се слушне и нашиот глас и бараме од сите релевантни чинители во општеството, не само декларативно, туку реално да обезбедат поголема заштита за нашите рабтонички права и да обезбедат сигурни работни места, поголема социјална и економска сигурност и инклузивност во процесот на креирање и имплементирање на младинските политики.

Ние, како млади луѓе сакаме слобода и право на синдикално организирање, затоа што сме свесни дека колективната борба е борба за подобро утре за сите❗

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.