Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОБУКА ЗА ОСНОВНИТЕ ПРИНЦИПИ НА УПРАВУВАЊЕ СО ОРГАНИЗАЦИИ

15.10.2018

Сојузот на синдикати на Македонија во соработка со Македонското здружение за заштита при работа и Организација на работодавачи на Македонија организираа обука на тема „Основни принципи на управување со организации”.

Обуката е организирана во рамки на проектот „Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како поддршка на државата во процесите на пристапување кон Европската Унија“.

Во рамки на проектот досега се спроведени проценки за организациските капацитети и капацитетите за лобирање и застапување на шест клучни организации од Советот за безбедност и здравје при работа, беа спроведени четири специфични дводневни обуки на обучувачи/ментори за селектираните организации од Советот за БЗР како и обуки наменети за организациско управување на синдикалните и професионалните организации од областа на БЗР.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.