Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН ЗА КОМУНАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО СКОПЈЕ

ССМ и СУТКОЗ  во рамките на активностите за изготвување на новиот Закон за работните односи доставија свој предлог на Законот за работните односи до Министерството за труд и социјална политика во текот на февруари 2019 година кој беше во насока на заштита на работничките права  и обезбедување на баланс помеѓу работата и семејството, а ССМ врз основа на предлозите од синдикатите здружени во ССМ помеѓу кои и СУТКОЗ, предложи ден на неделен одмор да биде сабота и недела.

Анализите и примерите  покажуваат дека работникот ќе биде попродуктивен ќе има повеќе време за семејството,за одмор и професионално надградување и дообразување.

По иницијатива на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбено стопанство, занаетчиство и заштитните друштва на Р. Северна Македонија (СУТКОЗ)  предводен од Претседателот  Дарко Димовски,  во ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА Скопје се определи од сабота вечер, до недела вечер до 19 часот да биде неработен ден за комуналните работници. Во тој период нивните комунални возила нема да го подигаат сметот, а дополнително сметот ќе  соберат екипи на КХС почнувајќи од 22 часот во недела.

Тоа ќе значи дека на вработените ќе им се овозможи недела да биде неработен ден, а со неизлегувањето на возилата ќе се придонесе во намалување на аерозагадувањето со што тоа ќе преставува и еколошки ден зџа чие промовирање ќе биде спроведена и кампања од страна на КХС.

СУТКОЗ ја позрдавува ваквата мерка и иницијатива  прифатена од Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани и апелира оваа позитивна пракса да ја следат поголем број на работодавачи, со цел на своите работници да им овозможат подобар баланс помеѓу работата и семејството.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.