Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Меѓународната конференција за жени CIMSE-IS -СГИП - BWI

По повод Меѓународниот ден на жената 8ми Март, на специјална покана од Г-дин Zekeriye NAZLIM, Претседателот на CIMSE-IS, Турскиот синдикат за цемент, Претседателот на СГИП, Г-дин Павел ТРЕНДАФИЛОВ заедно со Ивана ДИМИТРОВА - Заменик Претседател на Женскиот Европски комитет при BWI земаа учество на Меѓународната конференција за жени денес во Аланија, Р.Турција. Ова е дел од меѓународната соработка на СГИП со сите Европски и Светски синдикални организации во име на сите членови од секторот градежништво и индустријата за градежни материјали. Воедно, раководството на СГИП заедно со CIMSE-IS Синдикатот го честитаат 8ми Март на сите жени ширум светот со порака за подобри услови за работа, економска и социјална правда како и родова еднаквост и недискриминација. Заедно сме посилни!

ЧЕСТИТ 8МИ МАРТ-МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЖЕНАТА!

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.