Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Меѓународен ден против насилство на жените

Ризикот од насилство и вознемирување е уште поголем во време на криза: пандемијата со КОВИД-19 e огромен потсетник на ова. Пандемијата доведе до зголемување на семејното насилство и нападите врз работниците на фронтот, особено работниците во здравството, транспортот, лицата задолжени за хигиена, вработени во супермаркети, и сл. од кои многу се жени. Ова е причината зошто Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), кој претставува повеќе од 66.000 работници, Ве повикува да ја поддржите ратификацијата на Конвенцијата 190 на Меѓународната организација на трудот од страна на Република Северна Македонија.

Донесена од Меѓународната конференција за труд во јуни 2019 година, Конвенцијата број 190 е значаен инструмент. Тоа е првиот меѓународен стандард на трудот што се однесува на насилството и вознемирувањето во светот на работата. Заедно со Препораката бр. 206, дава заедничка рамка за дејствување и единствена можност за обликување на иднина на работа заснована на достоинство и почит. Конвенцијата потврдува дека секој има право на работа без насилство и вознемирување. Таа, ја вклучува првата меѓународна дефиниција за насилство и вознемирување во светот на работата, вклучително и насилство врз основа на пол.

Конвенцијата признава дека насилството и малтретирањето во светот на работата „може да претставува кршење или злоупотреба на човековите права, претставува закана за еднаквите можности, и е неприфатливо и неспоиво со пристојната работа“. Таа ги дефинира „насилството и малтретирањето“ како однесување, практика или закана „кои имаат за цел да резултираат или да предизвикаат физичка, психолошка, сексуална или економска штета“.

Пандемијата не го спречи сексуалното вознемирување, наместо тоа се префрли и онлајн. Техниките за надзор што ги користат работодавачите за следење на работната сила им дадоа на малтретирачите нови алатки со кои можат да се закануваат, заплашуваат и злоупотребуваат жени работнички. Останувањето дома не е безбедно за работниците кои се под закана од семејно насилство. Влијанието на мерките донесени за борба против ширењето на коронавирусот влијаат врз финансиите и ова може да ги доведе жените до степен на ранливост и економска злоупотреба.

Владата сега има одговорност повеќе од кога било да ги штити работниците од сите форми на вознемирување и насилство.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.