Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

МАСОВНО ПРИСУСТВО НА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ССМ

Членовите на Советот на ССМ масовно се одзваа на поканата на в.д Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија м-р Дарко Димовски. Советот на ССМ продолжи онаму каде што застана и ги потврди Одлуките за демократска промена на поранешниот Претседател на ССМ Живко Митревски и поранешниот Секретар на Советот на ССМ Методија Димески.

На седницата на Советот присуствуваа 42  членови на Советот на ССМ кои покрај другото донесоа Одлука со која сите Акти, Наредби, Заклучоци, Решенија, документи, свикување на седници на Извршниот одбор, Претседателството на ССМ, Советот на ССМ  и други писмена донесени и потпишани од Живко Митревски во периодот од 14.11.2016 година до 15.8.2017 година се огласуваат за НИШТОВНИ.

Дополнително Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија ја исправи и неправдата која Живко Митревски ја нанесе на Мултиетничкиот синдикат за образовани (МЕСО) со тоа што  повторно го врати синдикатот МЕСО во Сојузот на синдикатите на Македонија.

 

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.