Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Лошите услови за работа во градежништвото, ќе придонесат да нема мајстори во Македонија

Мизерни услови за работа има во многу компании, “човек-фирма” кои се во најголем процент нелојална конкуренција на оние компании кои навистина почитуваат Закон и Социјален дијалог“, велат од СГИП. 

Во секторот градежништво, огромен е бројот на непријавени работници и работници кои работат за дневница без никаква заштитна опрема, пред се. Велат дека самите работни места се со висок степен на ризик и покрај изложеноста на надворешни влијанија.

Еден од недостатоците на овој сектор се и ниските плати кои, според СГИП, младите луѓе ги тераат воопшто да не се образуваат за оваа дејност, ниту пак да се доквалификуваат. Поради тоа, сметаат дека потешко ќе има стручен кадар во градежништвото, а ќе има поголем одлив на работници во високо развиените земји од Западна Европа.

Ставот на СГИП е дека за да се спречи одливот на градежни работници од Македонија, потребни се промени, како подобрување на платите и условите во кои работат градежните работници. 

Истакнаа дека треба да се прифати и нивната иницијатива за воведување на бенефициран стаж за градежните работници која, како што велат, сти нереализирана од ниедна Влада од 2012 година.

„Оваа иницијатива од сите страни во социјалниот дијалог беше прифатена и договорена, за на крајот претставниците на власта не го потпишат Правилникот за бенифициран стаж и со тоа извисат огромен број работници од секторот градежништво и индустријата за градежни материјали“, велат од СГИП. 

Посочија дека потребно е и да се воведе пракса во средните технички училишта.

Останатите барања кои ги посочија се:

да се применуваат Законот за работни односи и Законот за безбедност и здравје при работа кои, според нив, се заборавени од трудовите инспектор;
да се казнуваат несовесните работодавачи и кривично да се одговара за она што не се почитува на терен; да се зачленуваат работниците во Синдикат, а работодавачите во Организациите на работодавачи како би имале поголем процент репрезентативност и подобар Економско-социјален дијалог во државата помеѓу сите засегнати страни. Со тоа би имале и Колективни договори кои ќе доуредуваат поголеми права за работниците од Законите;да се исплаќаат редовно платите, прекувремените часови работа, надоместоците и додатоците на плата кои следат согласно Закон и Колективен договор, а не да се прикрива добивката и да се изнаоѓаат најразлични форми на манипулација за да не се плати еден регрес за годишен одмор кој е и повеќе од заслужен за работата на работниците во текот на годината;да се слуша гласот на работникот кој некако во изминатиов период е заборавен од властите, а при тоа сите знаеме дека буџетот се полни токму од нашите работници. Само така може да имаме подобри услови за работа, а помалку одлив на работници гледано генерално за многу дејности, бидејќи проблемот не е само во овој сектор.

Целото интервју на следниот линк

https://rabotnik.com.mk/лошите-услови-за-работа-во-градежништ/

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2021 | Сите права се задржани.