Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЛЕГИТИМНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ССМ ДАРКО ДИМОВСКИ ГО ПРЕЗЕДЕ РАКОВОДЕЊЕТО НА ССМ

На 14.8.2017 година легитимно избраниот Претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија м-р Дарко Димовски го презема раководењето на Сојузот на синдикатите на Македонија.

м-р Дарко Димовски пред околу една година беше избран за в-д Претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија на седница на Советот на ССМ одржана на 13.11.2016 година со мнозинство на членовите на Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија по што Министерството за труд и социјална политика  врз основа на доставената комплетна документација во согласност со Законот за работни односи на 14.11.2016 година донесе Решение со кое за лице овластено за застапување на Сојузот на синдикатите на Македонија се запишува м-р Дарко Димовски.

Легитимноста на Претседателот Димовски покрај потврдата од Министерството за труд и социјална политика беше потврдена  и од страна на Централниот регистар на Република Македонија кој го запиша Дарко Димовски како лице овластено за застапување на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Претседателот на ССМ м-р Дарко Димовски во своето прво обраќање истакна дека конечно профункционира правната држава и дека конечно се слушна гласот на работниците и заврши тиранијата на Живко Митревски кој во изминатиот период работеше чисто за лични интереси и на штета на синдикатите и работниците во Република Македонија.

Претседателот на ССМ м-р Дарко Димовски истакна дека Сојузот на синдикатите на Македонија конечно ќе може вистински да работи на заштита на работничките права унапредување на социјалниот дијалог и враќање на синдикалното единство и синдикалната доверба преку подигнување на работничките права на највисоко ниво и во интерес на работниците.      

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.