Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

КОНСУЛТАТИВЕН СОСТАНОК ЗА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА

Слика 1. Консултативниот состанок за минималната плата

На иницијатива на министерството за финансии и министерството за труд и социјална политика, министерот за финансии, Драган Тевдовски и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска на ден 23.6.2017 година одржаа координативен состанок со синдикатите во државата и дел од невладини организации.

На состанокот покрај репрезентативните синдикати свое видување околу минималната плата имаа и другите синдикати кои не се репрезентативни и одредени невладини организации, а ставовите околу минималната плата од името на ССМ ги образложи претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски.

Поздравувајќи го чинот на зголемувањето на минималната плата, што впрочем е едно од основните барања и во Протоколот за социјален напредок, промовиран пред повеќе месеци и ставен на точка на дневен ред на Економско- социјалниот совет, претседателот на ССМ, Митревски укажа дека зголемувањето на минималната плата не е спорно дека консензуално се прифаќа како чин од синдикатите и дека истиот треба да го гледаме и во контекст на она што ССМ го бара, а тоа е отворање и на генерална расправа за генерална стратегија на плати во РМ. Воедно на состанокот претседателот на ССМ го анимираше и прашањето за зголемување на платите во јавниот сектор кои треба напоредно да се зголемуваат со порастот на минималната плата. Анализите на ССМ покажаа дека Законот за минимална плата, како историски чекор потврден и во анализите на МОТ и на други субјекти, ги даде своите позитивни резултати, а евентуалните менувања треба да се разгледуваат и да поаѓаат од елементите кои ја сочинуваат минималната плата, утврдени и во основната Конвенција за минимална плата на МОТ и тоа, како економските така и социјалните.

Заради елиминирање на депресирањето на минималната плата, во иднина потребно е да се направи и анализа, како што предлага ССМ во Протоколот за социјален напредок, да се прошират соодветните критериуми, со трошоците за живот, БДП и синдикалната кошница, а и поврзувањето процентуално дали треба да биде трансформирано и истото и понатаму да се врзува со просечната плата или друг параметар за кој ССМ предлага и други решенија како што и предлага дополнување на критериумите.

На крајот од состанокот договорено е сите предлози и идеи да бидат разгледувани и на ниво на ЕСС кој треба да даде свој допринос во законското решение, а во сличен контекст ќе биде одржана средба и со работодавачите и стопанските комори во РМ.

На состанокот покрај претседателот Митревски, претставници од ССМ беа секретарот на Советот на ССМ, Методија Димески, потпретседателот за приватен сектор, Павел Трендафилов и потпретседателот за колективно преговарање, Љупчо Радовски.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.