Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

КОНФЕРЕНЦИЈА „ЗАЈАКНУВАЊЕ НА УЛОГАТА НА СИНДИКАТИТЕ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОЛЕСЕН ПРЕОД ОД ОБРАЗОВАНИЕ КОН ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ЛУЃЕ ВО ЕВРОПА“

2-4.10.2018

слика 1. Отворање на конференцијата

Во периодот од 2-4 октомври 2018 година, во Стокхолм, Шведска, Комитетот на млади на Европската конфедерација на синдикати организираше Конференција со наслов „Зајакнување на улогата на синдикатите за обезбедување на полесен преод од образование кон вработување на младите луѓе во Европа“. На оваа конференција учествуваа претставници на Секциите на млади на синдикатите од Европа, кои се членови на Комитетот на млади на ЕКС.

 

слика 2. Тема на конференцијата

Претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија на оваа конференција беа Ирена Ивановска, претседател на Секцијата на млади на ССМ, и Иван Пешевски, претставник на СМССМ.

Учесниците на конференцијата имаа можност да разменат искуства за активностите преземени од страна на секциите на млади на ЕКС во насока на подобрување на преодот од образование кон квалитетни вработувања на младите луѓе, како и нивната вклученост во процесите на подготовка, имплементација и евалуација на политиките за млади, со посебен акцент на Гаранцијата за млади.

Во рамките на конференцијата, претседателката на СМССМ, Ирена Ивановска имаше и состанок со претседателката на Комитетот на млади на ЕКС, Викторија Наги, на кој се дискутираа понатамошните активности за спроведување на политиките на млади, како на национално, така и на меѓународно ниво и беше истакната поддршката за активностите на СМССМ од страна на Европската конфедерација на синдикати. Исто така, како дел од конференцијата беа организирани и студиски посети на синдикатот LO Шведска, компанијата Кока кола, Агенцијата за вработување на млади лица и мигранти, како и Фондот за полесен преод за вработување на младите лица.

слика 3. претседателот на СМССМ, Ирена Ивановска со претседателот на Комитетот на млади на ЕКС, Викторија Наги

Специјален гостин на самата конференција беше и министерот за вработување на Шведска, а свои презентации имаа и претставници на Генералниот директорат за вработување на млади на Европската Комисија, Меѓународната организација на трудот, како и претставник на Европскиот младински форум.

слика 4. министерката за вработување на Шведска во своето обраќање на конференцијата 

Она што беше заклучено на самата Конференција е потребата за градење на силни партнерства помеѓу синдикатите и релевантните чинители за креирање на подобри политики за младите луѓе во Европа. 

слика 5. учесниците на конфернцијата, претставници на секциите на млади од Европа

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.