Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

КОМПАНИИТЕ ДА НАЈДАТ НАЧИН И ДА ИСПЛАТАТ К-15

Ние сме Влада за работниците и уште еднаш апелираме секоја компанија која што има можност, дури и оние коишто покажуваат загуба да исплатат регрес за годишен одмор односно познатото К-15 заради тоа што дефинитивно работниците се трајното добро и за компаниите, но и за државата истакна денеска Претседателот на Владата, Зоран Заев. Работниците, како што рече, се најважниот капитал и во компаниите и во државата и верува дека водењето грижа за повисоки примања на работниците ја зголемува потрошувачката моќ и за самите производи или услуги на компаниите.

,, Сојузот на синдикатите на Македонија заедно со Организацијата на работодавачите, со потпишување на Спогодбата за измени и дополнување на ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството во 2013 година го уредија правото на регрес за годишен одмор за вработените во приватниот сектор. Регресот за годишен одмор е право воспоставено по пат на дијалог помеѓу претставниците на работниците во конкретниот случај Сојузот на синдикатите на Македонија и од претставниците на работодавачите – ОРМ и со оглед на тоа што се работи за право уредено спогодбено со потпишување на колективен договор, очекувано е работодавачите целосно да ја исполнат обврската која доброволно ја презеле," изјави пред неколку денови претседателот на ССМ Дарко Димовски.

ССМ го поздравува пристапот на Влада на Република Северна Македонија и Премиерот Заев за грижата за работниците и нивните работнички права.

Заедно можеме, единствено по пат на социјален дијалог кој во изминатиот период го издигнавме на високо ниво, да придонесеме за унапредување и заштита на работничките права, а со тоа да обезбедиме поголема социјална сигурност во овие сложени услови предизвикани од Ковид-19

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.