Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

КАМПАЊА ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНА НА СГИП И BWI

Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија - СГИП со поддршка на Меѓународната организација за градежништво и дрвна индустрија - BWI спроведува кампања за Заштита од Корона вирусот. Претставници на СГИП постојано прават обиколка на терен по градилишта и компании од индустријата за градежни материјали при кои се делат флаери, постери, заштитни маски и средства за дезинфекција. Овие активности имаат за цел подигнување на свеста на сите вработени како да се заштитат во време на пандемијата од Корона вирусот која нажалост однесе и човечки животи. Синдикатот секогаш ги препознава опасностите и делува превентивно пред да биде доцна за здравјето и животот на нашите вработени, а со тоа и нивните семејства. Остануваме на ставот дека нема ништо поважно од безбедноста и здравјето на нашите работници. Исто така, апелираме дека сме спремни да помогнеме на нашите членови за сите прашања од работното законодавство поврзани со Корона кризата преку нашата стручна служба и Сојузот на синдикатите на Македонија.
ДА РАБОТИМЕ БЕЗБЕДНО И ЗДРАВО Е НАШЕ ЛЕГИТИМНО ПРАВО!

 

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2020 | Сите права се задржани.