Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

КАМПАЊА - Мој труд, мои права

Сојузот на синдикатите на Македонија како член на ЕСС, заедно со останатите социјални партнери со поддршка на Проектната канцеларија Зајакнување на Социјалниот дијалог заедно со канцеларијата на МОТ во Македонија, започна со реализација на кампањата за подобрување на работничките права, Мој труд, мои права!

Кампањата за промоција на работничките права, Мој труд, мои права има за цел да ги информира сите засегнати лица за правата и обврските кои произлегуваат од Законот за работни односи, и ќе се реализира во периодот јануари-јуни 2021 г.

Кампањата има две целни групи, младите кои сѐ уште се во процес на образование, и учесниците на пазарот на трудот, вработените лица од сите професии, лицата што се во потрага по вработување, како и работодавачите.

Главна алатка на кампањата за вработените, барателите на работа и работодавачите е веб-страницата www.mojtrudmoiprava.mk. Тука се содржани сите информации за правата и обврските што произлегуваат од работниот однос, поделени по категории: договор за вработување, плата, работно време, одмор, отсуство, безбедност и здравје при работа, дискриминација, мобинг, социјално осигурување и решавање спорови. Оваа веб-страница ќе се промовира преку веб-портали, Facebook страницата и радио-спотови.

Некои од материјалите за кампањата Ви ги ипраќаме во прилог, слободно може да ги споделувате. 

1. Веб-страница www.mojtrudmoiprava.mk 

2. Fa​cebook страница https://www.facebook.com/mojtrudmoiprava 

3. Видеа https://www.youtube.com/channel/UCU2Ua19qJcH_E5_6_rpyuwQ 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.