Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Изјава на ETUC и ITUC PERC по однос на недобивањето датум за преговори на Северна Македонија и Албанија

                                         

                                                                         PERC PAN-EUROPEAN TRADE UNION COUNCIL

Жалиме за одлуката на Европскиот совет за неотпочнување на преговорите за пристапување во ЕУ на Република Северна Македонија и Албанија и ја изразуваме нашата солидарност со работниците и нивните синдикати од овие земји. Тие се соочуваат со огромни предизвици како дефицит на пристојни работни места, ниски плати, високо ниво на неформална работа, непочитување на законот, како и систематско кршење на основните права и слободи на работниците.

Отпочнувањето на преговорите можеше да значи справување и решавање на овие предизвици во овие земји, како и потврда на значајната улога на социјалните партнери во градењето одржливи, инклузивни и демократски општества.

Ги повикуваме лидерите на Република Северна Македонија и Албанија да ги почитуваат основните права на работниците во согласност со нивните меѓународни обврски, да обезбедат владеење на правото и да го промовираат Европскиот социјален модел.

Ги повикуваме лидерите на Европската унија да започнат преговори за членство, но и да обезбедат дека правата на работниците се соодветно третирани и дека синдикатите се составен дел од тој процес.

Ја повикуваме Европската комисија да ја ремоделира политиката на проширување на ЕУ, со поголемо внимание на социјалните права и заштита и со обезбедување на целосна вклученост на синдикатите преку социјалниот дијалог, како на европско така и на национално ниво.

https://www.etuc.org/en/document/statement-albania-and-north-macedonia-accession-eu

https://perc.ituc-csi.org/IMG/pdf/statement.pdf

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.