Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ИСПРАВАМЕ ГОЛЕМА НЕПРАВДА КОН РАБОТНИЦИТЕ

Финансиската поддршка за исплата на плати, не значи легализација за исплата на пониска плата од платата утврдена со Закон, Колективен договор и Договор за вработување.

Во новиот Предлог - Закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската

криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, кој е денеска на седница во Собрание, на барање на Сојузот на синдикатите на Македонија утвредено е дека:

Работодавачот кој ќе користи финансиска поддршка за исплата на плати за вработениот, должен е да му ја исплати платата најмалку до износот на примената финансиска поддршка но не помалку од износот на минималната плата утврдена со Законот за минимална плата.

Тоа значи дека работодавачот е должен да ја исплаќа платата на работникот во висина утврдена согласно Закон, Колективен договор и Договор за вработување.

Разликата помеѓу финансиската поддршка и висината на платата утвредена во Договорот за вработување, работодавачот е должен да ја исплати од сопствени средства.

Со ваквото решение се става крај на злоупотребите од страна на несовесните работодавачи кои земаа финансиска поддршка од Државата за исплата на плати, а им исплаќаа помалку од износот на добиените средства или воопшто не исплаќаа плата.

Дополнително, на барање на ССМ, се спречува и отпуштање на работниците за времетраење на финансиската поддршка и два месеци после завршувањето на месецот за кој е користена финансиската поддршка, а бројот на вработени кај работодавачот кој користи финансиска поддршка за исплата на плати, во однос на бројот на вработени во месецот за кој користел финансиска поддршка, не смее да се намалува.

На инсистирање на ССМ предвидени се и глоби до 10.000 евра во денарска против вредност и Кривична одговорност за работодавачите кои ќе ги злоупотребат средствата добиени од финансиската поддршка за исплата на плати.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.