Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ГРИЖАТА ЗА БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИКОТ, ПРИОРИТЕТ НА ССМ -ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА БЗР-

29-30.8.2016

Во рамите на едукативниот концепт на Европскиот синдикален институт (ETUI) на 29 и 30 август беше одржан Регионален информативен форум за безбедност и здравје при работа во Будимпешта, Унгарија. Целта на семинарот беше зајакнување на заедничките активности на синдикатите за прашања од БЗР на национално и европско ниво, како и размена на искуства и соработка на синдикатите.

Во рамките на семинарот националните делегации од Бугарија, Хрватска, Унгарија, Македонија, Романија и Србија презентираа извештаи во врска со тековната ситуација во однос на БЗР од национална перспектива, приоритетите на синдикатите за БЗР, соработка со инспекторите за труд, како и соработката меѓу синдикатите со другите чинители во општеството.

На информативниот форум беше реализирана и работа во групи поврзана со можностите за заедничка соработка меѓу синдикатите, а беше потпишан и меморандум за БЗР.

Прилог: Меморандум за БЗР

 

 

Меморандум за безбедност и здравје при работа

 

Претставниците на синдикатите од Бугарија, Хрватска, Унгарија, Македонија, Романија и Србија се состанаа во Будимпешта во периодот од 29-30 август 2016 година за да разговараат за состојбата, проблемите и потребните чекори за подобрување на здравјето на работното место и состојбата на безбедноста на работниците во нивните земји и регионот.

Регионалниот БЗР форум, во организација на Европскиот синдикален институт, се фокусираше на последните случувања во однос на БЗР како и релевантните политики и практики.

Извештаите на државите, истакнаа дека во текот на изминатите години, во голем број на земји постои на влошување на ситуацијата со БЗР, паралелно со промените во формите и начините на вработување. Во исто време, во многу земји трудовото законодавство е изменето, а со тоа и се намалени правата на работниците. Бројот на жртви од несреќите при работа е во пораст како и професионалните болести и бројот на фаталните несреќи - со што се придонесува кон беда и болка за многу семејства и висока цена за општествата.

Причините за овие трендови се многубројни, сепак ефектите и рестрикциите по однос на кризата, падот на политичкиот интерес и волја за обезбедување на безбедни и здрави услови за работа за сите се сметаат за главен извор. Синдикатите сметаат дека рестрикциите по однос на БЗР се неприфатливи. Инвестициите во превенција се од витално значење за сите инволвирани чинители и за целото општество.

Сметаме дека е неопходно да се зајакне улогата на синдикатите во контролата на БЗР преку соодветна законска регулатива.

Намалувањето на националните БЗР системи и контрола, во голема мера придонесоа за негативните трендови. Занемарувањето на превенцијата, слабеењето на трудовите инспекторати и нивната улога во законската легислатива, нетранспарентната улога на превентивните и заштитните здравствени услуги се некои од видните недостатоци. Тие не само што ги ставаат работниците во полоши услови за работа, туку имаат штета и врз пошироките интереси, доведуваат до нелојална конкуренција и обезбедуваат простор за социјален дампинг.

Апелираме за зајакнување на социјалниот дијалог и соработка во областа на безбедноста и здравјето при работа – следејќи ги најдобрите примери од другите земји од Европската унија. Потребна е политичка волја за целосно спроведување на одредбите на Рамковната Директива 89/391/ЕЕК во врска со "претставниците на работниците со посебни одговорности за безбедноста и здравјето". Потребна е превенција, силни системи за инспекција и спроведување на законодавството, преку соработка со надлежните органи, работодавачите и синдикатите. Потенцијалите на синдикатите во промовирањето на здравјето и безбедноста на работното место треба да бидат користени на сите нивоа, особено во услови на намалување на ресурси. Сметаме дека треба да се зајакне улогата на претставниците на работниците за безбедност и здравје што пак е од клучно значење.

Потребни се поголеми напори за да се создаде одговорен пристап и начин во однос на заштитата при работа, како и искоренување на високото ниво на пријавување на несреќи при работа и професионални болести. Синдикатите во регионот воочуваат критични недостатоци во процена на ризикот на малите и средни претпријатија. Изложувањето на работниците на психосоцијални ризици, како и професионалните болести е огромно. Затоа, потребна ни е заедничка акција!

Потребна ни е вистинска евалуација на имплементацијата на БЗР законите на ЕУ во нашите земји. Потребен ни е акционен план за подобрување на условите за безбедноста и здравјето на работниците кои работат во регионот. Бараме политичка активност која ќе придонесе за работни места од 21ви век!

Само да зборуваме за пристојна работа не е доволно – потребна ни е акција!

 

Будимпешта, 30 август 2016 година

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.