Сојузот на синдикатите на Македонија, се приклучува кон одбележување на Глобалниот ден за акција: клима и вработување, организиран од Меѓународната Конфедерација на синдикати.
Климатските промени не знаат граници, а ниту пак солидарноста. Ова е причината зошто и ССМ се приклучува кон Кампањата #CEPOW, која потенцира дека работните места и вработувањето се сериозни грижи за луѓето, па оттука треба да се разговара паралелно и за климатските промени кои имаат директно влијание на вработувањето.
Работниците ширум светот ги покануваат своите работодавачи на отворена дискусија за плановите за одржливи бизниси - безбедност, работни места, емисии, безбедна иднина. Тоа е силата на лидерството што е потребна од сите нас!
Како ССМ ги повикуваме работодавачите да работиме заедно и да креираме иднина со безбедни работни места, одржливи економии, како и безбедна и здрава планета за живеење за сите.
Повеќе информации: