Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Главниот синдикален претставник (ГСП) на синдикатот на Подружницата на Агро-Синдикат при ЗК Пелагонија, Мендо Милевски вратен на работа

Сојузот на Синдикатите на Македонија заедно со Агро-Синдикат, го осудија и остро реагираа на притисокот кој беше правен од страна на раководството на ЗК Пелагонија.

Имено, Главниот синдикален претставник на синдикатот во ЗК Пелагонија, Мендо Милевски беше отстранет од работа, што е спротивно на Законот за работните односи и Колективните договори.

Во соработка со Државниот инспекторат за труд, се издејствува Главниот синдикален претставник на Подружницата на ЗК Пелагонија, Мендо Милевски да се врати на работа од понеделник, 24.08.2020, кога и ќе продолжи со извршување на своите работни обврски, како и синдикалните активности, како Претседател на синдикатот на подружницата.

Соработката помеѓу синдикатите и Инспекторите од Државниот инспекторат за труд е значајна алка во заштитата на правата на работниците, а особено во заштитата на синдикалните претставници, кои се залагаат за правата на сите работници.

Остануваме посветено да работиме, се додека не се остварат сите права од работен однос кои им следуваат на работниците, согласно Законите и Колективните договори.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.