Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЕТУИ Регионален БЗР Форум во Скопје

Сојузот на синдикатите на Македонија и Европскиот синдикален институт во периодот од 4-5 март 2020 година, во Скопје, организираа Регионален форум за размена на информации за безбедност и здравје при работа.

На Форумот учествуваа претставници на социјалните партнери во земјата претставници од релевантни институции, активни чинители во делот на БЗР (ССМ, КСС, МЗЗПР, ОРМ, МТСП, ДИТ и Правен  факултет), како и синдикални експерти за БЗР од 7 земји од регионот (Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Романија, Хрватска и Грција).

На форумот присуствуваа и студенти од Правниот факултет кои за прв пат имаа можност непосредно да ги слушнат активностите кои ги превземаат синдикатите во Државата и  регионот, а со тоа и да придонесат на подигнување на свеста за поголема потреба од безбедни и здрави работни места.

Целта на Форумот е размена на искуства во делот на безбедноста и здравјето при работа помеѓу учесниците од седумте различни земји. Форумот овозможи широка дискусија за можни решенија на основните теми за превенција во БЗР, со посебно внимание на промена на карактерот на опасностите на работните места. Како најзначајно прашање кое се покрена на Форумот, беа новите БЗР стратегии на синдикатите, особено во однос на организирање и поддршка на претставниците за БЗР, вклучително и нивна обука. Плодните модели на соработка и размена на информации помеѓу земји учесници на Форумот треба да донесат подобрувања во здравјето и безбедноста на работниците и нивните работни услови. Регионалната соработка, исто така придонесува за релевантно спроведување на националните и синдикалните стратегии за БЗР.

Во рамките на Форумот беше организирана и посета на компанијата Цементарница Усје Титан, каде учесниците можеа да се запознаат директно со мерките за БЗР кои се спроведуваат на национално ниво. Воедно, учесниците имаа состанок и со претставници на синдикатот на Цементарница Усје Титан, кој е член на Синдикатот СГИП, како и со претставници на менаџментот.

Организирањето на вакви регионални Форуми за БЗР, во соработка со европските партнери е континуирана активност на ССМ во насока на подобрување на положбата на работниците и овозможување здрави и безбедни работни места.

 

***Европскиот синдикален институт (ЕТУИ) е независен центар за истражување и обука на Европската конфедерација на синдикатите (ЕКС). www.etui.org ЕТУИ работи за интересите на работниците на европско ниво во насока на зајакнување на социјалната димензија на Европската унија.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.