Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЕКС: Работниците кои заработуваат минимална плата се изложени на ризик од сиромаштија во повеќето земји- членки на ЕУ

Најновите податоци покажуваат дека работниците кои заработуваат законски утврдена минимална плата се изложени на ризик од сиромаштија во повеќето земји- членки на ЕУ, се вели во соопштението објавено денес од Европската конфедерација на синдикатите (ЕКС).

Во 22 земји- членки на ЕУ, минималната плата е регулирана со закон, а во повеќето случаи не го исполнува минималниот праг од 60 проценти од просечната плата како праг на ризик од сиромаштија. Во десет земји- членки, законски утврдената минимална плата е 50% или помалку од просечната плата во земјата.

Ова значи дека милиони работници низ цела Европа не можат да си дозволат пристоен животен стандард и покрај тоа што се вработени со полно работно време. Податоците на ОЕЦД покажуваат најниска минимална плата во Шпанија, Чешка и Естонија.

Графикон 1: Податоци на ОЕЦД кои ги прикажуваат 17те земји- членки на ЕУ со законски утврдена минимална плата под 60% од националната просечна плата

ЕКС укажува на овие податоци во текот на процесот на консултации започнат од Европската комисија за тоа како да се исполни ветувањето на претседателот на Комисијата, Урсула фон дер Лејен и да се обезбеди дека работниците во ЕУ ќе имаат фер минимални плати.

Заменик- генералниот секретар на ЕКС, Естер Линч, истакна: „Целата поента на минималната плата е да се идентификува линијата за поделба помеѓу достоинството и сиромаштијата. Фактот дека повеќето законски утврдени минимални плати во Европската унија се свесно поставени под линијата на сиромаштијата, е скандалозно. Ако некој работи со полно работно време, тогаш не треба да се присилува да избере дали да ќе се грее или ќе јаде.

Комисијата мора да има јасен став за тоа што смета дека е фер минимална плата. Во секој случај, таа не треба да биде пониска од 60% од просечната плата.

Потребно е да се тестира соодветноста на овој праг во однос на реалните цени (и потрошувачката корпа) во договор меѓу синдикатите и работодавачите на национално ниво. Ова мора да биде придружено со мерки за промовирање на колективно договарање, што е најдобриот начин за ставање крај на платите што ги изложуваат работниците на сиромаштија“.

Во оваа насока е и барањето на Сојузот на синдикатите на Македонија, минималната плата да изнесува најмалку 60% од просечната плата во државата.

https://www.etuc.org/en/pressrelease/statutory-minimum-wages-leave-worke...

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.