Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ДИМОВСКИ: ССМ БАРА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА РАБОТОДАВАЧИТЕ КОИ НЕ ГИ ИСПЛАТИЛЕ 14.500 ДЕНАРИ ДАДЕНИ ОД ДРЖАВАТА

 

Како ССМ дојдовме до информации дека работодавачи го злоупотребиле законот за работни односи и не исплатиле плата од предвидениот минимум. Платите и работните места се делат според образование и каква сложеност на работа работиш. Апсурдот да е поголем е што државата ги додели тие 14.500 денари, а преку 700 работодавачи не ги исплатиле, изјави во Утрински брифинг претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

Ние како ССМ ќе отвориме широка дебата како понатаму. Сметаме дека треба кривично да се одговара и некој да заврши зад решетките. Од УЈП беа коректни и одговорија најбргу што можат на нашите апели. Ги пронајдоа компаниите и согласно законот заедно со Државниот трудов инспекторат ќе ги казнат со глоба за да ги дадат парите што ги должат. Но тоа не е доволно и мора кривично да се одговора, вели Димовски.

https://youtu.be/lRhthwpFsG4

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.