Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ДИЈАЛОГ ЗА БЗР

МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА во организација на МЗЗПР со ССМ и Организација на работодавачи на Македонија - ОРМ.

За проблемите и предизвиците во однос на Безбедност и здравје при работа во услови на пандемија, Секретарот на Советот на ССМ, Златко Цветковски го истакна следното:

Во насока на заштита на работниците кои се заболени, во изолација или самоизолација поради КОВИД -19, во рамките на барањата доставени до Владата , покрај другото доставивме предлог – иницијатива , надоместокот на плата за отсуството од работа поради зараза од Ковид 19 , изолација и само изолација поради изложеност на ковид 19 да изнесува 100% од основицата утврдена со закон.

Поаѓајќи од тешката егзистенцијална состојба во која од почетокот на здравствената криза предизвикана од Корона вирусот , се најдоа голем број на работници со тоа што се заразија вршејќи ги своите работни задачи , односно им беше определена изолација како резултат на изложеноста на вирусот пред се на работните места , Сојузот на синдикатите на Македонија предложи во Правилникот за листа на професионалните болести како професионална болест да се смета заразата со Ковид 19 не само за здравствените работници туку и за работниците од други дејности вработени во институции на работни места каде е можен контакт и изложеност на Ковид 19.

Предлозите на ССМ беа и сеуште се насочени кон обезбедување на здрави и безбедни услови за работа во компаниите пред се од аспект на потребите наметнати од здравствената криза.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.