Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ДА ГИ СЛЕДИМЕ ПОЗИТИВНИТЕ ПРИМЕРИ

ДА ГИ СЛЕДИМЕ ПОЗИТИВНИТЕ ПРИМЕРИ!!!

Сојузот на синдикатите на Македонија, по примерот на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC), започнува кампања на прогласување на најдобра компанија на неделата.

Во услови здравствена криза која не смееме да дозволиме да се претвори во криза на пазарот на трудот, кога голем број на несовесни работодавачи најавуваат отпуштање на работниците, праќање на принуден одмор, намалување на платите, подметнување на спогодби за престанок на работниот однос за кои ССМ континуирано во изминатиот период предупредуваше, сметаме дека е важно да се информира за компаниите кои се пример и кои треба да ги следат сите работодавачи во овој период.

Согласно информациите со кои располага ССМ, најдобра компанија оваа недела е ГД Гранит АД Скопје.

Ова е примерот што треба да се следи!

ВНИМАВАЈТЕ ќе избираме и најлоша компанија!

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.