Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА РМ

ВД претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, м-р Дарко Димовски по повод празникот 8-ми септември, Денот на независноста на Република Македонија, во име на Сојузот на синдикатите на Македонија упатува искрени честитки до сите граѓани на Република Македонија.

Денот на независноста, 8-ми Септември е празник со кој се одбележува раѓањето и се слави опстојувањето на независна и суверена Република Македонија. Овој празник преставува остварување и континуитет на трудот, вложувањата и пожртвуваноста на многу генерации граѓани кои живеа со мислата за слободна и самостојна држава. Овој празник не потсетува на предизвиците кои сме ги надминале, но и ни дава сила и мудрост да продолжиме понатаму.

Нека е честит и вековит 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија!

 

Со почит,

ВД претседател на ССМ

м-р Дарко Димовски

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.