- Македонски
- English
Во името на Сојузот на синдикатите на Македонија, претседателот на ССМ, Дарко Димовски им го честита Денот на полицијата, 7 Мај, на сите членови на Македонскиот полициски синдикат, како и на сите припадници на Министерството за внтарешни работи на Република Северна Македонија.
Македонската полиција постои за да им служи на македонските граѓани, да се грижи за секојдневната заштита на нивните животи, лична безбедност и сопственост. Борејќи се против организираниот криминал, заштита на демократските институции, утврдени со Уставот и спротивставувањето и заштита од тероризам, припадниците на Министерството за внатрешни работи придонесуваат кон добросостојбата и напредокот на Република Северна Македонија и нашето општество генерално.
Нека е честит празникот, Денот на полицијата, 7 Мај!