- Македонски
- English
Претседателот на ССМ, Дарко Димовски во името на Сојузот на синдикатите на Македонија и во свое лично име, на сите припадници на АРМ и на членовите на СОБ, го честита 18 август, Денот на Армијата.
Ангажираноста на армијата, за помош и поддршка во овие исклучително сложени услови, предизвикани од заразната болест КОВИД-19 и справување со истата, претставува пример за подготвеност, обученост и лојалност и се потврда дека Армијата е тука секогаш кога е најпотребно.
Професионализмот и придонесот на припадниците на АРМ, треба да претставуваат пример за сите останати.
Честит празник !