Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Благодарница од СРТ до вработените во Тинекс

Синдикатот на работниците од трговијата на Македонија изразува голема благодарност до своите членови и вработени во маркетите на Тинекс најпрвин за нивната љубезност и подготвеност да ги услужат граѓаните во ова време на пандемија од COVID-19. Искрено се надеваме дека по надминувањето на оваа состојба ќе се вратат во нормална функција сите вработени, но воедно како Синдикат сакаме да потсетиме дека работниците во трговијата беа во исти редови со докторите во смисла на изложеност од опасност за заразување со Корона вирусот. Покрај обезбедувањето продукти за нормално одвивање на животот на граѓаните, овие вработени останаа доследни и дадоа допринос во секторот трговија да не биде погоден од Корона кризата при тоа жртвувајќи го сопственото здравје, а со тоа и здравјето на своите фамилии.

Секогаш во први редови и секогаш насмеани во борба против COVID-19. Благодарност од СРТ до сите вработени во секторот трговија со желба за брзо надминување на пандемијата без последици по вработените.

За крај потсетуваме дека сите Ваши нарушени права од работен однос морате да ги побарате и добиете од СРТ како составен дел и здружен синдикат во Сојузот на синдикатите на Македонија.

Со почит,

СРТ

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2020 | Сите права се задржани.